ВИДЕО: Воз удри во авион паднат на пруга, пилотот спасен во последен момент

Од:

Полицијата во Лос Анџелес спаси пилот на авион кој се урнал на железничка пруга само неколку моменти пред во него да удри воз. Авионот имал проблеми на полетувањето и слетал на пругата.

Полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога налетал возот кој го уништил авионот.

Пилотот е хоспитализиран, поради исеченици и модринки и е во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми.

Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата во Лос Анџелес објави видео на Твитер, на кое се гледа како полицајци извлекуваат раскрвавен пилот од авион.

Би можело да ве интересира

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски