(ВИДЕО) Вооружен маж во Киев влезе во продавница и почна да пука: Има повредени

Од:

Маж рани две лица додека пукал со автомат во една од продавниците во Киев. На видеото се гледа како млад човек влегува во продавницата со вперенo оружје во вработените и муштериите.

„На 22 септември околу 14 часот во полиција било пријавено дека непознато машко лице влегло во продавница во Обуховшчина и почнало по случаен избор да пука“, соопшти полицијата.

Украинскиот портал Страна наведува дека се ранети продавачот и сопственик на локалот. Напаѓачот побегнал, но полицијата успеала да го идентификува и лоцира. Испадна дека станува збор за локален жител кој претходно бил осудуван. Сега му се заканува затворска казна до седум години.

Би можело да ве интересира

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

(ВИДЕО) Одмазда на Русија, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе