ВИДЕО: Убиството со мачета на војникот во Лондон

Од:

Двајца мажи нападнаа војник со сатар во близина на касарна и го убија. Осомничените беа ранети од полицијата, откако пружиле отпор, јави БТА.

На видео-материјал емитуван на британската телевизија Ај-ти-ви, двајцата напаѓачи извикувале „Алах е голем“. Според очевидци, тие ја заклале жртвата на најбрутален начин.

По убиството напаѓачите останале во реонот, мавтале со ножевите и огненото оружје и ги повикувале минувачите да ги фотографираат и снимаат.

Други очевидци изјавија дека двајцата мажи се обиделе да ја обезглават жртвата.

На видео материјалот на Ај-ти-ви, едниот од напаѓачите се приближил кон убиениот војник и рекол: „Ние треба да се бориме со нив, како што тие се борат со нас. Око за око, заб за заб“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот