ВИДЕО: Војници крадат од починатите патници од малезискиот авион?

Од:

На интернетот кружи фотографија на која се гледа војник како краде прстен од жртва која се наоѓала во летот МХ17, во авионот на „Малезија ерлајнс“, кој беше урнат во Украина.

Човекот за кого постои сомнеж дека е член на проруските сили, во рацете држи златен прстен, но веродостојноста и автентичноста не може да се потврдат.

Тој се наоѓа меѓу група луѓе, вклучувајќи и три лица во униформи, кои се забележани во видео записот, покрај остатоци од малезискиот авион.

Не е познато што се случило подоцна, но може да се видат луѓе како претураат по предметите на патниците.

Корисниците на „Твитер“ сугерираат дека накитот и припаѓал на една од жртвите во несреќата, некои пак претпоставуваат дека војниците барале докази за да можат да го идентификуваат човекот кому му припаѓал прстенот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици