(ВИДЕО) Војна со дронови: Украина и Русија се напаѓаат со беспилотни летала

Од:

Украинската армија уништи осум од девет беспилотни летала лансирани од руските сили синоќа, соопшти украинското воздухопловство. Нема информации за штети или каде удрил деветтиот руски дрон, јавува Ројтерс.

Нападот, за кој воздухопловните сили соопштија дека бил лансиран од југоисток, се случи еден ден по, како што рекоа украинските официјални лица, најголемиот напад со руски беспилотни летала во војната.

Некои од беспилотните летала биле насочени кон Киев, но украинската противвоздушна одбрана функционирала успешно, соопшти воената управа на градот.

Едно лице е полесно повредено откако соборено украинско беспилотно летало удрило во станбена зграда во рускиот град Тула, соопштија локалните власти.

„На 26 ноември во раните утрински часови беше спречен напад во кој учествуваа две беспилотни летала над регионот Тула. ПВО на руското Министерство за одбрана ги собори двете беспилотни летала. Едниот од нив оштети станбена зграда при неконтролиран пад “, се вели во соопштението, регионалниот гувернер Алексеј Дјумин, пренесува ТАСС.

Според соопштението, на еден од жителите на зградата му била укажана расекотина, а на три стана целосно искршени прозорци.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Калиново во Доњецк, Украина

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украински дрон истури течен метал врз руски позиции

Бројот на загинати се зголеми на 47, а на ранети на 206 во рускиот напад на Полтава

Што значи за Украина губењето на првиот Ф-16 и еден од најдобрите пилоти