Советникот на египетскиот претседател за безбедност, изјави дека во тек е воен удар и дека очекува војската со сила да ги растера симпатизерите на Морси, кои протестираат како и неговите противници.
-Во денешно време ниту еден воен судир не може да помине без големо крвопроливање-изјави Ел Хадад за „Ројтерс“.
Во меѓувреме воени тенкови се распоредени во близина на плоштадот Тахир, а војската контролира два моста на Нил. Присуството на воените сили во целиот град е зголемено.
Екипетските безбедносни сили денес му забранија на претседателот Морси и на уште неколку негови сојузници да патуваат во странство, поради вмешаност во едно бегство од затвор во 2011 година.
Морси во соопштинието пред истекот на ултиматумот повтори дека нема намера да поднесе оставка.
Бидејќи истече ултиматумот, се очекува соопштение на војската, но не одреди кога точно ќе биде издадено.
Портпаролот на војската истакна дека во тек е состанок на официјални воени лица со истакнати личности во државата.
Локалните медиуми најавија дека денес е ден на заминување на Морси од власта и покрај неговиот отпор.
„Денес промена или оставка“ пишува на насловната страна на египетскиот државен дневник „Ел Ахрам“, додека на назависниот „Ел Ватан“ стои „Крај“.
Истовремено и Египетската централна банка денес ги затвори своите експозитури. Во текот на овие два дена во судирите на симпатизерите и противниците на Мохамед Мурси загинаа 23 лица, а повредени се повеќе од 200.
Високата претставнична на ЕУ, Кетрин Ештон повика на воздржаност и политички дијалог во Египет, изразувајќи сочувство поради убиените во најновото насилство кое ја погоди египетската престолнина.
-Судирот не може да биде решение. Решение може да биде само политичко, засновано на значаен и инклузивен дијалог-нагласи таа.
Елена Георгиевска