Австралиската водителка Натали Бар не можеше да ги сокрие солзите кога во тек на настап во живо откри дека една од жртвите на заложничката криза во Сиднеј, е нејзина пријателка.
Со насолзени очи таа прочита дека 38-годишната Катрина Довсон, мајка на три деца е убиена пред крајот на заложничката криза во раните утрински часови.
Довсон била адвокатка чија што канцеларија се наоѓа преку патот на кафулето во кое лажниот шеик терористот Ман Харон Мони, 16 часа во заложништво држеше 30 лица.
Инаку другата жртва е брат на Катрин Довсон кој исто така бил адвокат.
Натали Бар ја водела најпопуларната утринска емисија во Австралија кога ја преплавиле емоциите.
-Штотуку дознав дека Катрина Довсон, сестра на истакнатиот адвоката Сендиј Довсон кој работеше за „Канал 7“. Го познавам. Имам пријатели кои го познаваат- едвај успеа да изговори Барова.
Се верува дека Катрина Довсон загинала во обид да ја спаси бремената пријателка со која во кафулето дошла да се напие кафе.