ВИДЕО: Во Украина оштетени или уништени околу 170.000 објекти, загинаа околу 10.000 цивили

Од:

Повеќе од 170.000 згради во Украина се оштетени или уништени откако Русија започна војна против земјата во февруари 2022 година, изјави денеска Олена Шуљак, претседател на парламентарната комисија за регионален развој и урбанистичко планирање во Киев.

„Според прелиминарните проценки на Економскиот факултет во Киев, повеќе од 170.000 згради досега се уништени или оштетени во војната“, рече Шуљак, пренесе агенцијата Укринформ.

Од таа бројка, 20.000 се однесуваат на станбени објекти.

Според информациите, во руските напади биле погодени повеќе од 3.500 образовни институции и 420 големи и средни компании.

Уништени или оштетени се и аеродроми, 344 мостови и премини и 25.000 патишта.

Задачата не е само да се обноват и да се вратат зградите во првобитната состојба, туку да се обноват за да бидат посилни од порано, рече Шуљак.

Москва досега истрела илјадници проектили кон Украина. Покрај уништувањето, во конфликтот досега се убиени околу 10.000 цивили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“