ВИДЕО: Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза – мајмунска сипаница

Од:

Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД.

ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници.

Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, јави весникот „Хил“.

Лицето било хоспитализирано во Далас, а официјалните лица се обидуваат да стигнат до луѓето кои биле во контакт со заразеното лице за време на летовите.

„Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна болест која вообичаено почнува со симптоми на грип. Лимфните јазли отекуваат, а потоа се појавува исфрланост што се шири по лицето и телото“, соопшти ЦДЦ.

Сојот на мајмунска сипаница кај лицето од Далас веќе е забележан во Нигерија и Западна Африка.

Инфекцијата може да трае од две до четири недели, а болеста има стапка на смртност од околу еден процент.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД