(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од:

Бројот на повредени во железничка несреќа во Русија, кога повеќе од половина од вагоните на патнички воз излетаа од шините, се искачи на речиси 50, пренесе Интерфакс.

Агенцијата наведува дека десет лица се во тешка состојба по несреќата. Претходно беше соопштено дека во инцидентот се повредени 20 лица, од кои тројца потешко.

„На повеќето жртви им се констатирани скршеници, набиеници, исекотини и трауматски повреди на мозокот“, соопштија од итната помош.

Интерфакс јавува дека во возот во моментот на излетувањето имало 232 патници, а во несреќата нема жртви.

Во соопштението за печатот на Руските железници, се наведува дека излетувањето од шините се случило набргу откако возот ја напуштил станицата и дека до несреќата дошло поради искривување на пругата поради обилните врнежи.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија