(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

Од:

Во Шумските пожари во централно Чиле загинаа најмалку 99 луѓе, а стотици се водат како исчезнати, соопштија властите вчера, додека претседателот Габриел Бориќ предупреди дека земјата се соочува со „трагедија од многу големи размери“. Шумските пожари кои избувнаа пред неколку дена ги загрозуваат надворешните рабови на Вина дел Мар и Валпараисо, два крајбрежни туристички града западно од главниот град Сантијаго, дом на повеќе од милион жители.

Снимката на Ројтерс со беспилотно летало од областа Вина дел Мар покажува изгорени цели населби, жители кои бараат меѓу остатоците од изгорените домови и улици преполни со уништени автомобили. Чилеанските власти воведоа полициски час во најтешко погодените области и ја испратија војската да им помогне на пожарникарите да се борат со пожарот.

Чилеанската медицинска служба соопшти дека 99 лица загинале во пожарите, а 32 тела биле идентификувани. Претходно денеска, претседателот Бориќ, прогласувајќи дводневна национална жалост, рече дека Чиле мора да се подготви за уште лоши вести.

„Таа бројка сигурно ќе порасне, значително ќе порасне“, рече Бориќ во телевизиското обраќање до нацијата. Стотици луѓе се водат како исчезнати, повеќе од илјада домови се оштетени, а повеќе од 90 пожари беснеат низ земјата, соопштија властите.

Во однос на бројот на жртви, овие пожари ја претставуваат најголемата катастрофа во Чиле од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе. „Сите сме заедно во борбата против оваа несекојдневна ситуација. Приоритет е да се спасат животи“, рече претседателот Бориќ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера