ВИДЕО: Во Полска стигна специјален авион кој го користи НАТО, ќе и помага и на Украина

Од:

Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш, објави дека во оваа земја пристигнал специфичен авион што го користат силите на НАТО и дека првпат ќе извршува операции од територијата на Полска.

Според министерот, во оваа земја пристигнал специјализиран авион за рано предупредување и команда E-7 Wedgetail, кој припаѓа на австралиските воздухопловни сили.

Ова е првпат овој авион да ја посети Полска, а тоа е особено значајно бидејќи е наменет не само за поддршка на операциите на НАТО, туку и за помош на Украина.

„Во текот на наредните недели, авионот за рано предупредување и команда E-7A Wedgetail на Кралските австралиски воздухопловни сили ќе дејствува од 32-та тактичка воздухопловна база во Ласк. Екипажите на E-7A ќе ја поддржат заштитата на воздушниот простор на НАТО и координацијата на воздушните операции на источниот дел од алијансата. Ова е првата мисија на E-7A спроведена од полска територија. Авионот, опремен со напреден MESA радар, обезбедува 24/7 надзор и поддршка на тактичката авијација на сојузничките операции“, изјави министерот.

Е-7 Wedgetail влезе во употреба со австралиските воздухопловни сили во 2012 година и е пренаменет Боинг 737.

Тоа е авион за рано предупредување и контрола од воздух (AEW&C). Што се однесува до поддршката на Киев, се очекува австралискиот авион да го прави тоа со следење на воздушниот простор и откривање на руски авиони, ракети и други воздушни закани.

Овој тип авиони може да ги поддржува и украинските ловци, на пример, со посочување на нападните цели. Е-7 може да спроведува и електронски извидувачки операции, собирајќи такви информации од растојание до 850 км. Ова значи дека тие ќе можат да го следат регионот Калининград, како и руските региони во близина на украинската граница и активните делови од фронтот.

Накратко, благодарение на операцијата на Е-7, Украина треба да добие непроценлива информативна поддршка, што треба да ѝ овозможи уште подобро да ги координира своите одбранбени и офанзивни операции.

Би можело да ве интересира

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина достави предлози за завршување на војната до САД, Зеленски тврди дека Русите подготвуваат мобилизација

Германски новинар го праша Зеленски: „Што можеме да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси?“

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија не може да војува без помош од Северна Кореја