ВИДЕО: Во нападот на Крим, Украинците уништија два големи руски воени брода

Од:

Уукраина објави дека нејзините сили ги уништиле големите десантни бродови Јамал и Азов, комуникацискиот центар и неколку инфраструктурни објекти на руската Црноморска флота во Севастопол во синоќешниот голем напад на Севастопол на окупираниот Крим.

Веста ја соопшти Главниот штаб на вооружените сили на Украина. Синоќа низ целиот Севастопол беа забележани неколку големи експлозии, а делумно успешно, како што изгледа, работеше и руската противвоздушна одбрана.

Сепак, се чини дека барем дел од проектилите успеале да ги погодат целите, како што сугерираше синоќешната снимка.

„Нашата армија одби масовен напад врз Севастопол“, рече Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол, инсталиран од Русија, на комуникациската платформа Телеграм.

Прелиминарните информации покажуваат дека биле соборени повеќе од 10 проектили, додаде тој.

Една жена е повредена од шрапнели, а оштетена е и инфраструктурата, вклучително и канцеларијата и гасоводот, додаде тој.

Поморскиот и патниот сообраќај што го поврзува полуостровот Крим, анектиран во 2014 година, со Русија, беше во прекин на неколку часа, соопшти провинциската транспортна управа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“