(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Од:

Двајца верници кои учествуваа на еврејскиот аџилак се убиени во вторникот вечер од туниски полицаец кој пукаше пред синагогата Ел Гриба на островот Џерба, соопшти туниското Министерство за внатрешни работи.

Би-би-си јавува дека подоцна бил убиен и полицаецот кој нападнал.

Напаѓачот, наводно, прво убил колега за да украде муниција пред да се упати кон синагогата.

Напаѓачот пукал неселективно кон безбедносниот персонал во близина на синагогата, при што уби двајца посетители и уште еден припадник на обезбедувањето, а рани и петмина припадници на обезбедувањето и четворица посетители.

– Потоа безбедносните сили го застрелале, соопшти туниската полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб