ВИДЕО: Во Казахстан киднапираат девојки и ги принудуваат да се омажат

Од:

Шокантен видео запис од Казахстан, кој што ја заобиколи планетава, во потполност ја згрози светската јавност. Станува збор за девојка која е принудена да се омажи, а на вознемирувачката снимка наречена како „Кражба на невеста“ е прикажан моментот кога тинејџерка против своја волја пристигнува во домот на својот иден сопруг, во казахстанската покраина Акмола.

Додека сватовите слават со традиционална музика, девојката седи на задниот дел од автомобилот, плаче и моли да ја вратат во нејзиниот дом.

Во поголем број држави грабнувањето на девојките се смета за сексуално злосторство.

Казахстанската активистка за заштита на правата на жените, Анфиса Зујева (30) оваа пракса ја нарече „варварска“.

Како што пренесуваат медиумите роднините и пријателите на младоженецот, со помош на измама или употреба на сила, ги грабнуваат девојките со автомобил, а понекогаш ги земаат и од улица и ги ставаат во вреќа и ги носат во куќата на младоженецот, каде што ги присилуваат да ја прифатат посебната марама Орамал, која значи дека се согласиле на брак.

Доколку девојката одбие да ја прифати марамата ја заклучуваат во куќата, се додека не го промени мислењето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“