ВИДЕО: Во Барселона собир за поддршка на единството на Шпанија

Од:

Околу 80.000 луѓе се собраа денеска во Барселона на митинг за поддршка на шпанското единство, и против сепаратистичките аспирации во Каталонија што доведоа до најтешка политичка криза во Шпанија во последните децении.

Присутните граѓани носеа знамињата на Шпанија и Каталонија, а на еден транспарент пишуваше „И ние сме Каталонци, запрете го ова лудило!“.

Денешниот собир беше организиран по неколкудневните протести на каталонските сепаратисти, кои повремено беа насилни. Тие протестираа против одлуката на Врховниот суд, кој на затворски казни осуди деветмина сепаратистички лидери поради обид за отцепување во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата