ВИДЕО: Уште горат облакодерите во Хонг Конг, најмалку 44 мртви и 279 исчезнати

Од:

Страшниот пожар што зафати станбен комплекс во Хонг Конг одзеде најмалку 44 животи. Пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија.

Најмалку 279 лица сè уште се водат како исчезнати, додека пожарникарите и спасувачките екипи почнуваат да пребаруваат некои од облакодерите. 45 лица се во критична состојба.

Станарите се жалат на екстремно високите цени за реновирање од минатата година. Тие исто така се прашуваат дали употребените материјали се во согласност со важечките прописи за противпожарна безбедност.

Во меѓувреме, три лица се уапсени под сомнение за убиство без умисла, а се огласи и лидерот на Хонг Конг, Џон Ли.

Повеќе од 900 луѓе се евакуирани во привремени засолништа додека продолжуваат спасувачките операции. Полицијата уапси двајца директори и еден консултант за градежна компанија под сомнение за убиство без умисла.

Би можело да ве интересира

Анкета: Мнозинство демонстранти во Хонг Конг се млади и школувани

А1он