Американски и мексикански уметници поставија розови лулкашки по должината на границата меѓу двете земји за децата да можат да играат заедно.
Лулашките се монтирани по должината начеличната ограда на периферијата на Ел Пасо, Тексас и местото Сиудад Хуарез, Мексико.
Artists installed these neon pink seesaws on both sides of a slatted steel border fence so kids in the US and Mexico can play together https://t.co/Gb8ho7llWY pic.twitter.com/kjk3IXtnXz
— CNN (@CNN) July 30, 2019
Креатор на оваа необична идеја е Роналд Раел, професор по архитектура на Универзитетот во Калифорнија, кој смета дека овие лулашки можат да бидат основа на односите меѓу Соединетите држави и Мексико, пренесува Би-Би-Си.
– Ѕидот стана центар на односите меѓу Мексико и САД и децата и возрасните од обете страни се поврзаа на симболичен начин, со сознанието дека дејствијата што се случуваат од едната страна имаат директни последици од друга – напиша Раел на својот Инстаграм.
Двете држави постигнаа договор на 7 јуни со кој Мексико се обврза да направи повеќе за да ја намали миграцијата од Централна Америка во САД, со цел да се избегнат заканите на Трамп за наметнување царини.