Во близина на островот Шизуока во Јапонија, на длабочина од околу 800 метри е уловена ајкула со голема уста, чија што должина изнесува четири метри, пренесе „РТС“.
Фактот дека по 58-ми пат е видена ајкула од овој вид, сведочи дека се работи за навистина редок примерок.
Наспроти тоа што личи на вонземјанин од „Осмиот патник“, ајкулата е питома и се храни со зоопланктон.
Ајкулата ќе биде изложена во дворот на Океанографскиот институт и музеј.
Е. Г.