ВИДЕО: Украинските служби го убија генералот Кирилов

Од:

Извори на Би-Би-Си во украинските безбедносни служби тврдат дека тие стојат зад операцијата за убиство на Игор Кирилов во Москва.

Според изворите, скутер со експлозив бил активиран кога Кирилов и неговиот помошник утринава се приближиле до зградата во Москва.

Изворот тврди дека Кирилов бил „легитимна цел“ бидејќи бил воен злосторник кој давал наредби за употреба на забрането хемиско оружје против украинската војска.

И украинските медиуми јавуваат и дека генерал-полковник Кирилов бил убиен од украинските безбедносни служби.

Киев Индипендент и новинската агенција РБЦ Украина велат дека тој бил убиен од Службата за безбедност на Украина (СБУ), цитирајќи неименуван извор од агенцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива