ВИДЕО: Украински дрон погоди фабрика за дронови кај Москва

Од:

Дронови нападнале фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во регионот на Москва, објавија руските телеграмски канали Астра и База, цитирајќи локални жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и руското Министерство за одбрана.

На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат дронови над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. Се слушаат и жители како коментираат на снимките: „Повторно го погоди Кронштат“.

Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата Кронштат, таа развива „беспилотни летала и воздухопловна опрема“.

Градоначалникот Собјанин од утрото објави дури 17 пораки за нападот со дрон. Според него, руската воздушна одбрана соборила најмалку 31 беспилотно летало кои летале кон Москва.

Според неговите изјави, нема „сериозни штети или жртви“ во Москва и Зеленоград, а итните служби работат на терен за да го санираат местото каде паднале урнатините.

По нападот избувнал пожар во Зеленоград, објави Телеграмскиот канал База.

Дубна, познат како „град на науката“, се наоѓа на 121 километар северно од Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети, погодена и термоелектрана на Крим

Военоспособните Украинци веќе нема да можат да влегуваат во ЕУ како бегалци

ВИДЕО: Со Фламинго, Украинците погодија клучна фабрика во Волгоград

ВИДЕО: Прогласена вонредна состојба на Крим

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови

Ситуацијата на границата со Русија е нестабилна, очекуваме ескалација, предупредува полскиот премиер

Катерина Ѓуровски