(ВИДЕО) Украинците објавија видео: Погодивме руското командно место

Од:

Извор од Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврди дека украинските сили погодиле руска привремена командна станица во регионот Херсон. Тој тврди дека акцијата на украинските војници била извршена врз основа на дојава добиена од разузнавачи, пишува „Украинска правда“.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога бил погоден објектот. Извор од СБУ наведува дека ракетата ХИМАРС го погодиле местото каде имало состанок на руските офицери од 24-от моторизиран полк на 70-та моторизирана пушка дивизија.

Херсонската област се наоѓа на југот на Украина, а Русија ја објави нејзината анексија во септември минатата година. И покрај тоа, руската армија во моментов контролира само дел од спорната област.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО