Војници на 68-та извидничка бригада, заедно со припадниците на другите единици на украинската армија, го ослободија селото Блаходатне во Доњецката област, на истокот на земјата, соопшти бригадата.
„Руските окупатори даваа отпор до крај, но не можеа да го издржат незапирливиот напад на нашите сили“, се вели во соопштението на 68-та извидничка бригада на Фејсбук, која објави и видео од поставувањето на украинското знаме во новоослободеното село.
Украинците објавија дека неколку руски војници биле заробени за време на ослободувањето на селото Блаходтна, додавајќи дека информациите што и ги дале на украинската армија „ќе помогнат да се ослободат повеќе делови од окупираната територија“.