ВИДЕО: Украинците ги нападнаа клучните руски пруги, возовите во застој

Од:

Украинската Главна дирекција за разузнавање (ГДР) и силите за специјални операции извршија координиран напад врз две клучни руски железнички рути, со цел да се попречи логистиката на Кремљ и да се максимизира влијанието на нивните операции, објави „Киев пост“.

Членовите на ГДР и силите за специјални операции спроведоа серија сложени операции за нарушување на железничкиот сообраќај на линиите Орел-Курск и Санкт Петербург-Псков. Според Главната дирекција за разузнавање, двајца руски гардисти биле убиени во нападите, додека третиот бил сериозно повреден и ги загубил нозете.

Еден од инцидентите се случил на делницата Малоархангелск-Глазуновка, каде што вработените во Руските железници откриле мини претходниот ден. Инженерски тим од Руската национална гарда бил повикан на местото на настанот, но се случила експлозија за време на обидот за расчистување на мините.

Двајца гардисти биле убиени во инцидентот, а на третиот му биле ампутирани долните екстремитети. Експлозијата го нарушила федералниот железнички сообраќај од 22 часот во сабота, 13 септември, предизвикувајќи доцнења на повеќе од 15 возови. Саботажата ја потврди и регионалниот гувернер, Андреј Кличко, а локалните жители објавуваат снимки од пожарот на социјалните мрежи.

Вториот напад се случил ноќта помеѓу саботата и неделата, околу 2:30 часот по локално време, кога биле употребени експлозиви за да се дигне во воздух железничката линија Санкт Петербург-Псков на делницата Строганово-Мшинск. Нападот исфрлил локомотива од шините и уништил 15 цистерни со гориво.

Извор од ХУР вели дека операциите биле спроведени во соработка со единици на украинските одбранбени сили. „Овие железнички линии се критично важни логистички врски во снабдувањето на окупаторските сили во секторите Харков и Суми. Како резултат на уништувањето на железничката инфраструктура во овие области, Русите ќе доживеат значителни логистички тешкотии, што пак значително ќе влијае на нивната способност да преземат активни дејствија против украинските одбранбени сили“, забележал изворот од украинската разузнавачка служба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Страотен напад на Киев, убиено дете

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата