ВИДЕО: Уапсени 28 Палестинци за вмешаност во атентотот врз автобус во Тел Авив

Од:

Израелските власти уапсија 28 Палестинци од Западниот брег под сомнение за соучесништво во бомбашкиот напад врз автобусот во Тел Авив, пренесе БТА.

Во нападот, извршен во близина на штабот на израелските вооружени сили, беа ранети 27 лица.

Бранот апсења почна неколку часа откако беше соопштено дека е фатен извршителот на атентатот, Арап со израелско државјанство, член на Хамас. Уапсениот живеел во градот Таибе, во централниот дел на Израел.

Атентаторот, од далечина, со помош на мобилен телефон, ја активирал експлозивната направа, што самиот ја поставил во автобусот.

Меѓу уапсените има и петмина пратеници од исламистичкото движење Хамас.

Според официјални соопштенија, уапсените припаѓаат на ќелијата на Хамас во населбата Беит Лакија на Западниот брег, за која се претпоставува дека стои зад атентатот во Тел Авив.

Израелските сили за безбедност ја зголемија готовноста заради очекувани протести во Источен Ерусалим, по денешната голема петочна молитва, посочуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски