Норвешката полиција уапси натрапник кој во Осло во тек на церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир истрча пред добитниците Малала Јусафзаи и Каилаш Сатиарти, мафтајќи со знаме на Мексико.
– Лицето е приведено, местото е под контрола и полицијата го истражува настанот. Идентитетот и мотивите за инцидентот се уште не се познати- соопшти норвешката полиција, пренесе „Франс прес“.
Е. Г.