ВИДЕО: Турција заплени товар од авион

Од:

Турските власти запленија товар на еден сириски авион, кој претходно турските воени ловци го принудија да слета во Анкара, поради сомнеж дека пренесува оружје.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу соопшти дека на авионот „ербас А320“, кој пренесувал 37 патници и членови на екипажот ќе му биде дозволено да ја напушти Анкара, но дека неговиот товар е конфискуван, пренесува АП.

Тој не сакаше да наведува други детали, но рече дека властите продолжуваат за го истражуваат товарот.

Давутоглу претходно за турската телевизија TGRT изјави дека авионот е пресретнат поради сомнеж дека пренесува недозволен товар за Дамаск.

„Ако со цивилни летови се пренесува опрема која не е пријавена, тогаш сигурно ќе ја прегледаме. Одлучни сме да го запреме доставувањето на оружје на режимот кој врши такви масакри“, изјави Давутоглу.

Сирискиот министер за информирање Омран Зуаби одби да го коментира целиот случај.

Авионот летал на линија Москва – Дамаск кога ловците на турските воено-воздухопловни сили го принудиле да слета, јавува NTV.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски