ВИДЕО: Тројца убиени во пукање во болница во Оклахома, мртов е и напаѓачот

Од:

Четири лица се убиени вчера во пукотница во болница во Тулса, во американската сојузна држава Оклахома, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов.

„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, меѓу кои и напаѓачот, во пукотница во болницата Свети Францис“, објави локалната полиција на Твитер.

Претходно од полицијата беше соопштено дека во текот на попладневните часови интервенирала кога маж со пушка влегол во зградата на болницата.

„Полицијата во моментов врши увид во сите простории во зградата за да се елиминира можната закана“, беше посочено во соопштението, како и дека „повеќе луѓе се повредени“. Градскиот советник Џејм Фаулер за локална телевизија изјави дека напаѓачот се самоубил.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукотницата, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, а на локалните власти им била понудена секаква неопходна помош.

Пукотницата во Оклахома се случува нешто повеќе од една седмица по масакрот во училиштето во Увалде во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Престрелка во супермаркет во САД, најмалку три лица загинаа, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија

Горан Наумовски

Пукање во Велика Кладуша: Полицијата со часови трага по маж вооружен со автоматска пушка

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е насилникот кој пред четири дена со пиштол рани познаник во Скопје

Инцидент во Чаир, маж пукал кон познаник, но не го ранил