Надвозник се урна во главниот град на Мексико во момент кога низ него минуваше метро. Има најмалку 20 загинати и над 70 повредени, јавија локалните медиуми.
Засега не се познати причините за трагедијата.
Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум.
Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.