(ВИДЕО) Трамвај во Лисабон излета од шините, најмалку 15 мртви

Од:

Познатиот фуникулар (трамвај за стрмни улици) Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините.

Најмалку 15 луѓе загинаа, а најмалку 18 други се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случи околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица биле во фуникуларот во времето на несреќата.

Сè уште не е познато дали загинатите биле португалски државјани или туристи.

Од транспортната компанија Карис“ изјавија дека нивните тимови се на терен и дека сите ресурси се активирани“ со цел да се санираат последиците од несреќата.

Приоритет е да се следи ситуацијата“, рече официјалниот извор, без да даде детали за можната причина за излетувањето на трамвајот од шините.

Во Лисабон беа прогласени три дена жалост. Одлуката беше донесена за да им се оддаде почит на жртвите и да се изрази сочувство на нивните семејства.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моеда, изрази длабока тага поради несреќниот настан.

Тоа е трагедија; Лисабон е во жалост, ситуација каква што никогаш порано не се случила во нашиот град“, рече Моедас.

Потврдено е дека веднаш биле контактирани надлежните служби, вклучувајќи ја полицијата и Јавното обвинителство, и е започната истрага за да се утврдат сите околности.

Би можело да ве интересира

Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

А1он

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

Силен земјотрес го погоди Лисабон

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

Катерина Ѓуровски

Кој е Васко Саздовски – Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад?

А1он