(ВИДЕО) Трамп сподели видео од дебела жена од венецуелската армија: Ова е сериозна закана

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја исмеа венецуелската армија во објава на неговата мрежа Truth Social.

Трамп објави видео на кое се гледа како дебела жена несмасно трча со пушка за време на вежба на венецуелската армија.

„Строго доверливо. Ја фативме венецуелската полиција на обука. Многу сериозна закана“, напиша американскиот претседател саркастично.

Во меѓувреме, венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатата недела изјави дека војската започнала со обука на цивили за употреба на оружје во случај на напад од САД. Тој ги повика венецуелските земјоделци да бидат подготвени и, доколку е потребно, масовно да се вооружат.

„Народот на Венецуела ѝ кажува на империјата: Престанете со заканите“, им рече Мадуро на земјоделците на митингот.

Инаку, тензијата меѓу Венецуела и Соединетите Американски Држави се интензивираше во текот на претходните недели поради одлуката на Трамп да изврши напади врз венецуелски бродови под изговор дека станува збор за напад врз трговци со дрога.

Би можело да ве интересира

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски