(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека осудата на француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен и забраната за нејзино кандидирање за претседател во 2027 година е „многу голема работа“.

Трамп рече дека многумина мислеле дека Ле Пен нема да биде осудена за проневера на јавни средства, пренесува Ројтерс.

„Но, ѝ е забрането да се кандидира пет години, а таа е водечки кандидат. Тоа звучи како оваа земја, многу звучи како оваа земја“, рече Трамп, мислејќи на правните случаи против него пред да ја преземе функцијата.

Трамп е обвинет дека прикрил тајно плаќање на порно ѕвезда, обидувајќи се да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година што ги изгубил и задржал доверливи документи по завршувањето на неговиот прв мандат.

Францускиот суд ја осуди Ле Пен на четиригодишна затворска казна, од кои две години се условни, како и парична казна од 100.000 евра.

Покрај Ле Пен, уште осум пратеници од нејзината крајнодесничарска партија Национален собир беа осудени за проневера на јавни средства.

Би можело да ве интересира

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“

Трамп: Планирам да разговарам со Иран

САД се заканија со санкции за земјите кои и испорачуваат нафта на Куба

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Трамп има три опции против Иран: Сите се ризични, но нема враќање назад – една е дефинитивно најсигурна

Јункер: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници