(ВИДЕО) Дански европратеник: Трамп, одје*и

Од:

Данскиот пратеник во Европскиот парламент Андерс Вистисен испрати повеќе од јасна порака до новиот американски претседател Доналд Трамп за неговите намери во однос на Гренланд.

За потсетување, владата на Гренланд е во голема мера автономна, но островот е дел од Кралството Данска, така што Данска ја задржува одговорноста за безбедноста на територијата на островот.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека има намера да ја преземе сопственоста на островот, не исклучувајќи ја употребата на економска или воена сила.

Зборувајќи пред европратениците во Европскиот парламент, Вистисен испрати многу јасна порака до американскиот претседател.

„Почитуван претседателе Трамп, слушајте многу внимателно. Гренланд е дел од Кралството Данска веќе 800 години. Интегриран е како дел од нашата земја и не е на продажба. Ајде вака за да разберете подобро, господине Трамп одјебе*е.

По неговото завршување, на европратениците им се обрати претседателот на Европскиот парламент, кој изјави дека Вистисен ќе се соочи со последици за пцуењето.

„Доколку преводот е точен, тогаш тоа што го кажавте е несоодветно и ќе претрпите одредени последици“, му беше кажано на Вистисен.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

А1он

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он