ВИДЕО. Трамп му покажа среден прст на работник на Форд и му рече „Е*и се“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на едно лице во толпата за време на обиколката на фабриката на Форд во Мичиген. Видеото го прикажува Трамп, шетајќи низ производствениот погон, покажувајќи среден прст на некој што му вика.

Белата куќа соопшти дека тоа бил „соодветен одговор“. „Апсолутен лудак неконтролирано извикувал навреди во напад на бес, а претседателот дал соодветен и недвосмислен одговор“, рече директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг.

Видеото од приближно 30 секунди, објавено од TMZ, го прикажува лицето како му вика на претседателот, иако не е јасно што точно се зборува. TMZ вели дека лицето му викало на Трамп „заштитник на педофилите“.

Видеото го прикажува Трамп како постојано покажува со показалецот кон некого во толпата, а потоа се чини дека покажува среден прст со десната рака.

Во друго видео, кое е зумирано и ја прикажува истата ситуација од поблизок агол, повторно се гледа едно лице, според TMZ, како вика „заштитник на педофилите“ додека Трамп стои мирно. Во тоа видео, Трамп наводно покажува кон едно лице и двапати вели „џи*џи“.

ТЈ Сабула, 40-годишен работник на производствена линија во фабриката, за „Вашингтон пост“ изјави дека тој бил оној што му викал на претседателот. Тој потврди дека е привремено суспендиран од работа додека е во тек внатрешна истрага. „Што се однесува до тоа што го критикувам, апсолутно не жалам“, изјави Сабула за „Вашингтон пост“.

„Денес имавме одличен настан и сме горди на тоа како нашите вработени го претставуваа Форд. Го видовме видеото на кое се повикувате“, рече Дејвид Товар, извршен директор за корпоративни комуникации на „Форд“.

„Една од нашите основни вредности е почитта и не одобруваме некој да каже нешто несоодветно во нашите фабрики. Кога ова ќе се случи, имаме пропишана постапка, но не навлегуваме во индивидуални случаи на персоналот“, додаде тој.

Сабула за „Вашингтон пост“ изјави дека Трамп можел да го чуе „многу, многу, многу јасно“ и рече дека викањето било директно поврзано со справувањето на претседателот со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин.

Министерството за правда објави илјадници документи поврзани со Епстин откако Конгресот донесе закон со кој се бара од администрацијата на Трамп да го стори тоа, но министерството сè уште се бори да ја обработи огромната количина материјал, претходно објави Си-Ен-Ен. Трамп никогаш не бил обвинет за какви било злосторства поврзани со Естин.

Би можело да ве интересира

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

ВИДЕО: Трамп објави видео во кое Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни

Катерина Ѓуровски

Трамп: Загрижен сум за сопствената безбедност по двата обиди за атентат

Мир преку профит: Трамп во трговијата со Русија гледа излез од украинскиот конфликт

Доживотен затвор за мажот кој се обиде да го убие Трамп во Јужна Флорида

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп вели дека веќе не треба да се зборува за Епстин

Катерина Ѓуровски