ВИДЕО: Трамп ја продолжи својата кампања, во Флорида илјадници луѓе дадоа поддршка за претседателот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи својата предизборна кампања по цели две недели пауза откако беше заразен со коронавирус.

Илјадници се собраа на митингот кој беше организиран на отворено во Флорида, каде Трамп го направи првиот од четирите планирани обраќања во кампањата.

Во меѓувреме, лекарот на претседателот објави дека Трамп дава негативен резултат неколку дена по ред и повеќе не е носител на Ковид-19.

„Веќе го поминав ова и ми рекоа дека имам имунитет. Се чувствувам толку силно што ќе влезам во публика и ќе ве бакнам сите вас. Ќе ги бакнам сите мажи и убави жени. Повеќе не мора да бидам во карантин и не би дозволил никому ова да му се случи. Сега велат дека имам имунитет, не знам колку долго ќе трае, некои велат дека тој  е за доживотно, други велат четири месеци”, рече Трамп.

Трамп накратко даде сочувство до оние кои ги загубија најблиските од Ковид-19.

Настанот јасно стави до знаење дека претседателот не планира да го смени својот пристап кон организирање на масовни митинзи среде пандемијата, дури и по неговата борба со вирусот.

Трамп ги оспори јавните анкети во кои противкандидатот Бајден има предност и тврдеше дека ќе победи на престојните избори.

„Ние ќе имаме уште поголема и поважна победа отколку што имавме пред само четири години“, додаде тој, откако поддржувачите скандираа „уште четири години за Трамп“.

Би можело да ве интересира

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он