(ВИДЕО) Трамп: Ја предвидов измамата, ова се лажни избори

Од:

Претседателот на САД и републикански кандидат за уште еден мандат во Белата куќа, Доналд Трамп, вечерва ѝ се обрати на нацијата, уште еднаш повторувајќи го својот став дека изборите се украдени.

Трамп се појави пред новинарите и даде подолга изјава, при што нагласи дека ако се гледаат „законските“ гласови, тој победува, но ако се разгледуваат „незаконските“, губи.

„Се обидуваат да нѐ ограбат. Имаме големи победи на Флорида, во Охајо, Ајова… и покрај историски најголемо мешање од страна на големите медиуми, големите пари и големите технолошки компании,“ рече актуелниот американски претседател.

Трамп ги повтори своите тези за измама со гласовите на кои им било дозволено да пристигнуваат преку пошта.

„Гласањето преку пошта го уништи нашиот систем, тој е корумпиран систем и ги корумпира луѓето, дури и кога тие не се такви по природа. Стануваат корумпирани, тоа е премногу лесно,“ објасни Трамп, наведувајќи го примерот со Северна Каролина, каде доцна во изборната трка тој имал голема предност, која се стопила на крајот, откако пристигнале нови гласачки ливчиња, кои се „зачудувачки еднострани“. По 15-минутната изјава, Трамп ја напушти салата и не одговараше на новинарските прашања.

Изборите, на кои беше постигнат најголемиот одѕив во повеќе од 100 години, ги карактеризира тесна трка меѓу двајцата кандидати, но според сите показатели, победата веројатно ќе ја однесе противкандидатот на Трамп, Демократот Џо Бајден. Тимот на Трамп веќе поднесе десетици приговори и судски барања, кои можат да го оддолжат конечниот исход на изборите неколку недели, па и месеци.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он