Доналд Трамп се огласи во врска со снимката на која се гледа дека неговиот наследник, Џо Бајден користи „ливчиња со одговори“ за време на неодамнешната прес конференција.
Трамп на Телеграм го сподели видеото кое го објави телевизиската мрежа „ОАН“ со коментар „ Можете ли да верувате, не е ни чудно што земјата ни оди по ѓаволите“.
Видеото е од прес конференцијата на Бајден во Англија каде што беше одржан Самитот Г7.
Holy shit this is embarrassing. Hit the pause button to see the pre-scripted notes
Joe Biden needs a flash card to remind him that he thinks everything is Trump’s fault.#DementiaJoe #PuppetJoe #Biden#G7 #G7UK #NATOSummit #cdnpoli #onpoli
— ????? ⭐ (@RealChrisKo) June 15, 2021
Медиумите пренесоа дека на „ливчињата“ ги имало одговорите на потенцијалните новинарски прашања меѓу кои и оне кои можеле да се однесуваат на Министерството за правда.
Така, некои од подготвените одговори гласеле „Трамп ги злоупотреби овластувањата“, „Сега ние мора тоа да го расчистуваме“ и „Министерството за правда на Трамп без контрола“.
Инаку, ова не е првпат Бајден да користи „ливчиња со одговори“. Медиумите пренесоа дека американскиот претседател вака подготвен дошол и на средбата со претседателот на Русија Владимир Путин, а ги користел и за време на првата прес конференција во март.