(ВИДЕО) Трамп: Џо Бајден е кандидат на невработеноста, блокадите и бедата

Од:

На помалку од една недела пред претседателските избори во САД, Доналд Трамп одржа митинг во Аризона.

Тој се појави во јавноста помеѓу огромна толпа поддржувачи и покрај зголемените критики дека тој му дава приоритет на неговиот реизбор пред здравјето на неговите приврзаници.

„Ако гласате за Бајден, тоа значи дека нема да има деца во училиштата, за Божик и на 4 јули нема да бидете заедно. Сепак, ќе водите прекрасен живот. Вие нема да можете да видите никого, но што? Ќе имате прекрасен живот. Планот на Бајден е да ве здроби вас и вашето семејство. Мојот план е да го уништам вирусот и да бидеме посилни. Нашата земја ќе биде посилна. Бајден е кандидат на невработеноста, блокадите и бедата. Јас сум кандидат за нови работни места, вакцини и просперитет“, рече Трамп.

Во САД, повеќе од 75 милиони луѓе веќе го дадоа својот глас на прелиминарното гласање и преку пошта.

Републиканскиот кандидат и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп планира да посети уште 10 држави во последната недела од својата кампања.

Би можело да ве интересира

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он