(ВИДЕО) Тлото во Мексико не мирува: Нови земјотреси, две лица загинаа, бројни згради се оштетени

Од:

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Мичоакан во Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 93 километри.

Во вчерашниот земјотрес од 7,6 степени што го погоди западниот брег на Мексико, најмалку две лица загинаа, зградите беа оштетени, електрична енергија снема, а многу жители на Мексико Сити привремено ги напуштија своите домови заради безбедност.

Локалните медиуми наведуваат дека по земјотресот, кој се случи вчера во 13 часот и 5 минути по локално време, оштетени се неколку станбени згради, а во главниот град на Мексико е вклучен сеизмички аларм точно на годишнината од двата претходни разорни земјотреси, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS), потврдено е дека епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југоисточно од Аквила во близина на границата со државите Колима и Мичоакан и на плитка длабочина од 15,1 километар.

Земјотресот се случи неколку минути откако се огласија сирените и помалку од еден час откако беше симулиран алармот за земјотрес за да се одбележат годишнините од двата разорни земјотреси што се случија пред пет и 37 години исто така на 19 септември.

Илјадници луѓе загинаа во земјотресот на 19 септември 1985 година, а повеќе од 350 во земјотресот на 19 септември 2017 година, потсетува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски