Израел е потресен од веста за групното силување на 16-годишна девојка, во кое наводно учествувале триесетина мажи во хотел во одморалиштето Еилат.
Israelis protest against the gang-rape of a 16 year-old teen that took place in Eilat.#Israel pic.twitter.com/yrWBwhh3hI
— Israel in the Field (@field_israel3) August 20, 2020
Реагираше и државниот врв, а полицијата започна истрага.
Cientos protestan en todas las ciudades de #Israel ??luego de que una chica de 16 años fuera violada en manada x #30Hombres
30 animales se turnaron para violar y filmar a una chica a quien mantenían encerrada en una habitación de un hotel de #Eliatpic.twitter.com/02xY5tW3nF
— borisvian1 (@shababaty) August 21, 2020
Засега се уапсени две лица. Еден од осомничените рекол дека повеќе од 30 мажи имале секс со девојката, но негирал дека се случило силување, пренесува ББС.
Тие се обвинети за силување на тинејџерката која била под дејство на алкохол.
Израелскиот премиер Нетанјаху повика одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Ова е шокантно. Не постои друг збор. Ова не е само злосторство против девојката, ова е злосторство против човештвото и е за секоја осуда“, напиша на социјалните мрежи, израелскиот премиер.
Според информациите на израелските медиуми, девојката дошла во Еилат на почетокот на август, каде што се запознала со мажите.
Тие излегле да прошетаат, а потоа се вратиле во хотелот, каде мажите еден по еден, наводно ја силувале девојката
Таа поднела тужба минатата недела.
Во четвртокот низ градовите ширум Израел се одржале спонтани протести во знак на поддршка на девојката и осуда на сексуалното насилство над жените.