(ВИДЕО) Терористички напад во трговски центар во Израел: Застрелани двајца млади, напаѓачот е убиен

Од:

Терористички напад се случи денеска во трговски центар во израелскиот град Кармиел на северот на земјата. Едно од двајцата млади момчиња кои денеска беа ранети во напад со нож во Кармиел на северот на Израел, почина, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата во северниот округ Шуки Тахауко изјави дека еден од двајцата мажи ранети во терористичкиот напад во трговскиот центар Кармиел успеал да го застрела напаѓачот и да го „неутрализира“. Потврдено е дека напаѓачот е убиен, но неговиот идентитет не е соопштен. Тахауко вели дека терористот стигнал до трговскиот центар пеш.

Болничарот од МДА Ран Московиќ раскажал што видел кога пристигнал на местото на настанот.

„Кога пристигнав во трговскиот центар, ме испратија на вториот кат. Видов двајца повредени мажи на околу 20 години како лежат во близина на тезгите, со прострелни рани. Едниот беше во несвест“, рече Московиќ.

Болничарот од Јунајтед Хацалах Арик Барел рече:

„Брзо пристигнав на местото на настанот и извршивме CPR на 20-годишен маж. Исто така, му пруживме медицинска помош на уште еден 20-годишен маж кој се здоби со умерени до тешки повреди. Двајцата беа пренесени до Медицинскиот центар Галилеја во Нахарија“.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег