ВИДЕО: Тепачки на бензинските во Британија, ангажирана војската за да се смири кризата со горивата

Од:

Почна со недостаток на возачи за камиони, продолжи со недостаток на намирници во продавниците, па на ред дојде недостатокот на горива на бензинските пумпи. Оваа последна криза е толку голема што владата ја ангажираше војската да развезува гориво на празните бензински пумпи.

Главната причина за хаосот пред се е Брегзит и тврдоглавата политика на Владата на Велика Британија да ја изнесе земјата од Европската Унија. Со тоа се појави недостаток на 90.000 до 120.000 возачи на камиони на британскиот пазар на работна сила.

Британската влада ја ангажираше војската за транспорт на горивото, кое не недостатува, но нема начин да стигне на бензинските пумпи. Паниката која се создаде повлече дел од граѓаните да почнат да трупаат залихи.

Најкритично е на бензинските пупми каде поради големата тензија и нервоза и има тепачки.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски