(ВИДЕО) Тензична атмосфера пред погребот на Навални, зголемено присуството на полицијата

Од:

Денеска треба да биде погребан Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој почина во казнена колонија на Арктикот под мистериозни околности на 16 февруари.

На денот кога официјално беше објавен датумот на неговиот погреб, неговите соработници изјавија дека непознати лица се обиделе да спречат ангажирање на погребна кола за да може неговото тело да биде погребано.

Како што може да се види на фотографиите од утрово од Москва, кај црквата Богородица, каде што ќе се служи богослужба за починатиот опозиционер, присутни се одреден број полицајци за разбивање на демонстрациите.

Панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време) во црквата на Богородица во Москва. Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов во 16 часот по московско време, а во 14 часот по наше.

Портпаролката на починатиот политичар Кира Јармус на социјалната мрежа Икс напиша дека непознати лица телефонски им се заканувале на сопствениците на погребални возила и затоа никој од нив не се согласил да го пренесе неговото тело на гробиштата.

Сепак, Иван Жданов, еден од соработниците на Навални, изјави дека тимот ќе најде начин и решение за погребот.

Јулија Навални, сопругата на покојниот политичар, веќе изрази сомневање дека тоа нема да биде така. Таа дури рече дека очекувала полицијата да ги уапси ожалостените кои дошле да се простат од нејзиниот сопруг. Според нејзините зборови: „Не очекувам погребот да помине мирно“.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски