(ВИДЕО) Тенкови, војници и борбени возила на улиците на Ростов

Од:

Шефот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека неговите војници зазеле клучни воени објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон.

„Воените објекти на Ростов, вклучително и аеродромот, се под наша контрола“, рече Пригожин во видеото објавено во саботата наутро.

Тој рече дека неговите сили го зазеле штабот на руската армија на југот на земјата во град со над милион жители во пограничната област со Украина. Ова не можеше веднаш да се потврди независно. Министерството за одбрана во Москва се уште не ги коментираше тврдењата на Пригожин.

Пригожин во видеото рече и дека борбените авиони за војната против Украина продолжиле да полетуваат од аеродромот во Ростов според планираното: „Авионите… ќе полетаат според планираното“. На телеграмски канал што го поддржува Вагнер се појави видео на кое се гледа како Евгениј Пригожин разговара со највисоките руски генерали во, како што вели каналот, окружниот воен штаб во Ростов-на-Дон.

„Воените објекти на Ростов, вклучително и аеродромот, се под наша контрола“, рече Пригожин во видеото објавено во саботата наутро.

Тој рече дека неговите сили го зазеле штабот на руската армија на југот на земјата во град со над милион жители во пограничната област со Украина. Ова не можеше веднаш да се потврди независно. Министерството за одбрана во Москва се уште не ги коментираше тврдењата на Пригожин.

Пригожин во видеото рече и дека борбените авиони за војната против Украина продолжиле да полетуваат од аеродромот во Ростов според планираното: „Авионите… ќе полетаат според планираното“.

На телеграмски канал што го поддржува Вагнер се појави видео на кое се гледа како Евгениј Пригожин разговара со највисоките руски генерали во, како што вели каналот, окружниот воен штаб во Ростов-на-Дон.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина