(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Од:

Најмалку три лица се убиени во вторникот во пукање во средното училиште Вилмер-Хачинс во Далас, Тексас, соопшти полицијата.

Во извештајот на американската ТВ мрежа CBS се наведува дека семејствата на учениците биле повикани да се држат подалеку од кампусот, а децата се евакуирани.

Цитирајќи неименувани извори во полицијата во Далас, Си-Би-Ес објави дека се пријавени најмалку три жртви, а во тек е потрага по ученик кој наводно пукал од огнено оружје внатре во училишниот кампус, но оваа информација не е официјално потврдена.

Според евиденцијата за испраќање 911, повикот бил примен нешто пред 13:10 часот, а полицијата потврдила дека „се активирале безбедносните протоколи“ поради пукање во средното училиште во блокот 5500 на патот Лангдон.

Воздушните снимки покажуваат присуство на повеќе агенции околу училиштето, вклучително и службите за итна медицинска помош, агенти од Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) и полицијата во Далас, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Пукање во Њу Хемпшир, еден е убиен, неколкумина се повредени

Најмалку 13 лица повредени во две пукотници во Минеаполис

(ВИДЕО) Тројца полицајци се убиени, а двајца се ранети во Пенсилванија

Осум мртви, 50 ранети во пукотници за време на празничниот викенд во Чикаго

Градоначалникот на Минеаполис бара забрана за оружје по пукањето во училиште

(ВИДЕО) Пукотници во Балтимор – шестмина ранети, меѓу нив и дете

А1он