ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Каталонија

Од:

Приврзаниците кои се залагаат за независност на Каталонија се судрија со шпанската полиција додека ги транспортираа каталонските функционери уапсени во денешната рација.

Демонстрантите се обидоа да ги блокираат полициските службеници, додека го пренесуваа ИТ менаџерот Савијер Пуих од одделението за надворешни работи на Каталонија. Пуиха е еден од 13-те официјални претставници уапсен во денешната рација.

Исто така, демонстрантите се обидоа да блокираат полициско возило, по што дојде до турканици, но немаше апсења ниту пак повредени.

Шпанската полиција во текот на денешниот ден уапси 13 лица кои се спроведени во канцелариите на регионалната Влада на Каталонија, јавија денеска шпанските медиуми. Според нив, на мета се претежно економските институции.

Стотици демонстранти се собраа пред владините канцеларии во Барселона да дадат поддршка за независност и да се спротивстават на рациите.

Шпанската полиција утрово беше уапсен и финансискиот функционер на Каталонија, Јусеп Марија Хове.

Полицијата и властите одбија да соопштат повеќе детали за денешната акција, истакнувајќи дека е прогласена за тајна.

Акцијата претставува дел од напорите да се стави крај на планираниот референдум за независност на Каталонија, закажан за први октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски