(ВИДЕО) Страшни бројки од разорниот земјотрес: Над 1000 загинати во Мароко

Од:

Над 1000 лица загинаа, а повеќе од 1200 се повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко во петокот вечерта, соопштија властите.

Министерството за внатрешни работи на Мароко утринава соопшти дека повеќе од 800 луѓе загинале во провинции во близина на епицентарот на земјотресот. Соопштено е дека најмногу штети и жртви има во тешко достапните планински области.

Претходно беше објавено дека најмногу штети и смртни случаи има во тешко достапните планински области, а најмалку 153 лица се повредени и пренесени на лекување во болници.

Земјотресот се случи во планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а потресите траеле неколку секунди.

Американската агенција извести за последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна.

Епицентарот на земјотресот во петокот бил во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хоуз, на околу 70 километри јужно од Маракеш.

УСГС соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 18 километри под површината на Земјата, додека сеизмичката агенција на Мароко проценила дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се поопасни.

Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

Неколку згради се урнаа по земјотресот југозападно од градот Маракеш, покажаа снимки објавени од државната телевизија Ал-Аула.

Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и станбени згради откако Националниот институт за геофизика во земјата предупреди за последователни потреси.

Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.

Во обраќањето за државните медиуми, Рашид Ал-Калфи, претставник на Министерството, рече дека владата веќе ги активирала сите расположливи ресурси за да ги санира последиците од оваа трагедија.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, на околу 350 километри северно од планинскиот венец Висок Атлас, и до Португалија и Алжир, соопштија португалските и алжирските агенции за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Отворени линии за донации за настраданите во Мароко, Црвен Крст апелира за помош

Мароко: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 2.901, 5.530 повредени

Сточар од Мароко: Морав да изберам дали ќе го спасам син ми или родителите

Загина татко кој го штитеше својот син за време на земјотресот во Мароко

2.122 мртви во Мароко, трката со времето продолжува, расте гневот кај граѓаните

ВИДЕО: Човек во последен момент избегна да го затрупа зграда која се урна од земјотресот во Мароко