ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Од:

Утрово Русија истрела ракети во центарот на градот Суми во североисточна Украина, погодувајќи тролејбус и убивајќи неколку цивили. Нападот е извршен со ракета Искандер-М, потврдија украинските власти.

Вршителот на должноста градоначалникот на Суми, Артем Кобзар, рече дека има „многу мртви“ и дека „непријателот повторно го нападна цивилното население“. Првите слики од терен покажуваат уништени цивилни згради и возила во строгиот центар на градот, а според првите информации меѓу погодените возила е и градски тролејбус.

Објавено е и видео кое го прикажува моментот на ударот.

Сличен напад се случи пред неколку дена во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тогаш загинаа најмалку 20 лица, од кои девет деца, а десетици беа повредени во руското гранатирање на станбена зграда и комунални објекти.

Москва, без никакви докази, тврдеше дека нападнала собирно место на украински војници и западни инструктори.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води