(ВИДЕО) Столтенберг: Ситуацијата е крајно сериозна, но не смееме да губиме надеж

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на втората годишнина од руската инвазија на Украина, изрази уверување дека иднината на Украина лежи во западниот одбранбен сојуз.

Москва ја започна оваа војна со цел „да ги затвори вратите на НАТО за Украина, ускратувајќи ѝ го правото да го избере својот пат, рече Јенс Столтенберг во видео пораката.

„Но, се случува токму спротивното: Украина е поблиску до НАТО од кога било. Украина ќе влезе во НАТО. Не е прашање дали, туку кога. Руските сили започнаа сеопфатна инвазија на соседната земја во раните утрински часови на 24 февруари 2022 година. НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина. За ваша и наша безбедност“, рече Столтенберг.

Тој ја опиша ситуацијата на линијата на фронтот како „исклучително сериозна“ и рече дека „нема индикации“ дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за мир.

„Но, не смееме да губиме надеж. Украина постојано ги покажа своите извонредни способности и жестока решителност. Вие вративте половина од територијата што Русија ја зеде. Ја избрка Русија од големи делови на Црното Море“, рече тој.

Тој рече дека земјите од НАТО досега му обезбедиле на Киев помош од милијарди долари, вклучувајќи „артилериска муниција, противвоздушна одбрана и вооружени бродови, опрема и резервни делови Ф-16, беспилотни летала и опрема за деминирање“.

„На пат е поголема поддршка“, вети тој.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски

Столтенберг: НАТО сака Украина да стекне способност да ја задржи Русија

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици за поддршката на Русија

Столтенберг: Порешителни акции против руските шпиони во земјите на НАТО

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија ако сака добри односи со Западот

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта