Во стампедо недалеку од фудбалскиот стадион во ирачкиот град Басра, едно лице загина, а десетици се повредени, јавува Ројтерс. Илјадници навивачи се обидуваа да влезат на стадионот, јави државната новинска агенција.
BREAKING: One dead, multiple injured in stampede ahead of football match in Iraq
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 19, 2023
На објавената снимка се гледа дека пред влезот на стадионот имало голема гужва и стампедо во кое едно лице загинало, а најмалку 60 се повредени, од кои неколку се во животна опасност, велат медицински извори.
Градот Басра е домаќин на купот на земјите од Арапскиот залив. Инцидентот се случил пред финалниот натпревар во кој ќе се соочат домаќинот Ирак и Оман.